28 Март, 2024
0.0246

Министерката Ангеловска со линк за јавниот долг ќе се бори против лажните вести

Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес конференција ја претстави новата алатка за транспарентност, односно линк преку кој во секое време ќе се следи движењето на јавниот долг.

Таа вели дека јавните финансии не се лесни за објаснување, можеби и затоа често се злоупотребуваат за политичко поентирање, преку лажни или непотполни вести. 

„Се пишува, на пример, дека има задолжување, а не дека имало и раздолжување. Нема да враќам на секое обвинување, туку ќе го отворам тоа за сите да го видат тоа и да научат, и сами да пресудат. Ќе презенитираме линк на кој ќе може да се види колку има задолжување и колку има враќање. Јавноста треба да ги има сите информации“, рече министерката.

Во платформата Јавен долг податоците се прикажани на систематизиран и разбирлив начин. Таа смета дека вака ќе се придонесе да се намалат заблудите за задолжувањето.

Новата платформа javendolg.open.finance.gov.mk има пет дела. 

Првиот дел е - колкав е јавниот долг, дадени се податоци за јавниот и државниот долг, во апсолутна сума и како процент од БДП. И која е намената на јавниопт долг - да го финансира буџетскиот дефицит. 

На крајот на 2019 година јавниот долг е 48,9 проценти од БДП.

Во вториот дел е претставено движењето на јавниот долг. Од кривата на јавниот долг гледаме дека тој се стабилизира во последните три години, за разлика од периодот 2008 до 2016 година, кога тој нагло се зголемил. 

Третиот дел е јавен долг за 2020 година, кој дава увид во податоците за планираното задолжување и раздолжување за оваа година.

Четвртиот дел е за хартии од вредност. Може да се види и нето и бруто задолжувањето по основ на државни хартии од вредност.

Петтиот дел има објаснувања за долгот, како и некои заблуди за долгот.

Некои податоци ќе се менуваат на месечно, а некои на тримесечно ниво. Ангеловска ги повика медиумите да ја отвораат платформата и да ја користат при пишувањето на своите текстови.

„Транспарентноста е силна страна на Министерството за финансии. Само така ќе ги тргнеме манипулациите. Од денеска па натаму на секој граѓанин ќе му бидат појасни работите околу јавниот долг“, рече Ангеловска. 

Поддршка за овој проект дале УСАИД и ИРИ. 

На прашањето дека низ годините расте, Ангеловкса рече дека треба да се прави разлика меѓу намалување и стабилизација. „Јас зборувам за стабилизација на долгот. Не можеме да очекуваме дека тој треба да се намали во моментот кога водиме развојна политика. Буџетот е скроен со дефицит, а тој дефицит треба да се финансира. Оправдано е само кога јавниот долг оправдано се зголемува, односно еден денар да се врати четири денови. А порано тој негативно влијаел на фискалната мултипликација. Прашањето е каде се вложуваат овие средства“, рече Ангеловска.

Прашана кои три капитални проекти треба да донесат повеќе пари, министерката рече дека тоа се автопатот Штип - Миладиновци, гасоводот и слично, за разлика од порано кога се финансирале споменици.

Можеби ќе ве интересира

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман