23 Април, 2024
0.0451

Министерката Апостолска пред словачки бизнисмени ги претстави поволностите за инвестирање во земјава

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денес во Владата на Република Северна Македонија прими словачка бизнис делегација предводена од Државниот секретар на министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка, Лукаш Паризек и амбасадорот на Република Словачка во Република Северна Македонија, Хенрик Маркуш. Во рамки на посетата, пред  делегацијата се претставија владините економски политики и можностите кои ги нудат мерките од Планот за економски раст за реализација на инвестиции во земјава.

Зборувајќи за економските политики и поддршката за реализација на нови инвестиции, министерката Апостолска истакна дека Владата овозможува значајна финансиска поддршка за компаниите преку транспарентни и јавно познати процедури, засновани на Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

„Изградивме атрактивно и предвидливо деловно опкружување во кое, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, доколку одлучите да инвестирате во земјава може да сметате на конкретна финансиска поддршка за отворање на нови работни места, воспоставување на соработка со домашните компании, отворање на центри за истражување и развој, како и за капитални инвестиции во нови машини и опрема“, рече министерката Апостолска и притоа порача дека Владата на Република Северна Македонија стои на располагање за целосна институционална поддршка во развивањето и реализацијата на инвестициските проекти на било која странска компанија. 

„Позитивните економски перспективи кои ви ги отвораме во земјава деновиве беа нотирани од страна на Агенцијата Фич, според која кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на премина на ББ+, со стабилен изглед. Потврда пристигна и од Конференцијата на ОН за трговија и развој, според која со раст од 260% на странските инвестиции во 2018 година нашата земја е регионален лидер“, рече министерката Апостолска.

Државниот секретар на министерството за надворешни и европски работи на Република Словачка, Лукаш Паризек во свото обраќање изрази задоволство што Владата на Република Северна Македонија посветено работи на реализација на стратегиските приоритети за полноправно членство во НАТО и ЕУ, притоа истакнувајќи дека се отвора голем простор за натамошно продлабочување на односите меѓу Северна Македонија и Словачка на економски основи, за зголемување на трговската размена и подигање на нивото на инвестиции помеѓу бизнис заедниците во двете земји. 

Можеби ќе ве интересира

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички