Министерката Решитај доаѓа во Македонија со косовската делегација
Објавено во: Балкан 17 Април, 2018
Косовската министерка за животна средина и просторно планирање Албена Решитај денеска ќе престојува во посета на Македонија.
За време на посетата, како што е најавено, Решитај ќе се сретне со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку.
Таа е дел од косовската владина делегација предводена од премиерот Рамуш Харадинај која во Македонија ќе пристигне да разговара за повеќе важни прашања, за зголемување на тровската размена и економската соработка, поврзаност и инфраструктурата, како и безбедноста.
Според агендата планирано е министрите Дураки и Решитај да дадат изјави за медиумите кои ќе го проследат заедничкиот прес.