Министерот Андоновски: Апасиев живее во Аеродром, а не знае каде да го регистрира новороденчето

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2025 10:45
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски лично отиде да му покаже на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, каде се наоѓа новото подрачно одделение на матичната служба во Аеродром.
Претходно пратеникот се пожали дека ја барал службата во Аеродром за да ја заведе новородената ќерка во матичната книга на родени, но при тоа напиша дека такво нешто не постои и дека не била воопшто отворена.
Министерот Андоновски денеска на социјалните мрежи му испрати на Апасиев и локација од Центарот за услуги.
„Бидејќи еден пратеник од изборна единица 1, вчера не успеал да се снајде во општина Аеродром и, намерно или ненамерно, не го нашол нашиот Центар за услуги, денес го посетив да проверам случајно да не "испарил". Но, тука е и Центарот на Министерството за дигитална трансформација и услужливите вработени.
Брзо извадив електронски извод од книгата на родени, па вработените го испечатија за да можам да го користам било каде. Тука се достапни и услуги од МВР, АВРМ, ПИОМ...
Не е сѐ совршено, но тука сме и работиме. П.С. Во прилог и мапа до локацијата, за "добронамерниот" пратеник да може да се снајде во општината за која кажува дека ја претставува во Собранието“, објави Андоновски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бугарски министер го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, МНР го повика амбасадорот на разговор

БУГАРСКО МНР ДО МАКЕДОНИЈА: Нема да толерираме говор на омраза и лични напади

„Прогласена е кризна состојба“ – СМС пораката која стигна до граѓаните е тест

МИЦКОСКИ ЗА ГЕОРГИЕВ: Тоа момче е пратено да привлече мое внимание

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

ОЈО: Извршен е разговор со децата уапсени за пожарот кај Стајковци и се пуштени

МНР ОЧЕКУВА ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА: Недоличниот речник претставува директна повреда на основните принципи на меѓународното право

МИЦКОСКИ: Можеби некој очекуваше дека ќе ги напуштиме преговорите, ќе докажеме дека сме најдобриот ученик
