Министерот ќе одлучи дали има оправдани причини членовите на ДКСК да добијат дипломатски исправи, соопшти МНР
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2024 14:22
Дали сите членови на Државната комисија за спречување корупција ќе добијат дипломатски пасоши ќе одлучува министерот за надворешни работи, откако ќе направи дополнителни консултации. Ова беше соопштено денеска од страна на Министерството, по бурните реакции во јавнсота за барањето за поседување дипломатски пасоши, но и барањето за возила за членовите на ДКСК
- Членовите на оваа Комисија не влегуваат во категоријата на лица кои согласно со актите кои го регулираат ова прашање имаат задолжително право на дипломатски патни исправи, но истовремено, на одредени категории, доколку министерот процени дека има потреба, Министерството за надворешни работи има право да издаде дипломатска патна исправа - соопшти МНР во врска со доставените барања за дипломатски пасоши од шесте членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).
Како што наведува МНР, седум барања до Министерството - за претседателката Татјана Димитровска и за шесте членови во Антикорупциската комсија, биле доставени од ДКСК во април и тогашниот министер за надворешни работи позитивно одговорил само за претседателката на Комисијата.
Во однос на останатите членови на ДКСК, наведува МНР, „министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе направи дополнителни консултации со цел да биде донесена соодветна одлука, односно дали постојат оправдани причини и тие евентуално да добијат дипломатски или службени патни исправи“.
Откако во јавноста деновиве е актуелно доделувањето дипломатски пасош за претседателката на ДКСК Димитровска и поднесеното барање за ваква патна исправа од шесте членови на ДКСК, Комисијата денеска реагираше со соопштение во кое наведе дека тоа е „право, а не привилегија“ и е овозможено со Законот за патни исправи, цитирајќи го член 11.
Во реакцијата објавена на нивната веб-страница, ДКСК меѓу другото, наведе дека „за да нема дилеми во јавноста и поради крајна транспарентност“, го повикуваат и новиот министер за надворешни работи „да ја преиспита одлуката за дипломатските пасоши на ДКСК, а исто така и пратениците самиот закон доколку сметаат дека има потреба од тоа“.
Извор и Фото: МИА
Можеби ќе ве интересира
„ПРИЈАВИВ ДЕКА НОЌЕН КЛУБ СЛУЖИ АЛКОХОЛ НА МАЛОЛЕТНИЦИ ПОСЛЕ ПОЛНОЌ...“ - горчливо искуство на граѓанин од пред две години, еве како завршил

ОДЗЕМЕНИ СЕ 198 ЛИЦЕНЦИ ВО ДЕЛОТ НА ИЗГРАДБАТА НА СТАНОВИ - во Министерството за транспорт се работи и денеска, а и утре

СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - поранешни градоначалници, министри и директори

„ОВАА БОРБА ЌЕ БИДЕ ДОЛГА И НЕМА ДА БИДЕ РЕШЕНА НИТУ ЗА ЕДНА, НИТУ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ“ - Директорот на ФЗО, Клековски, вели дека сега почнува ризикот од инфекции

НА МИРНИОТ СОБИР ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ ИМ ДАДОА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО: „Ги спасувале младите, а наместо да се лекуваат, тие се во притвор“

КАКО И КАДЕ ЌЕ СЕ ВРАЌААТ ПАЦИЕНТИТЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ КОИ СЕГА СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО - според Таравари, некои ќе дојдат со комерцијален лет, а за некои ќе треба подолга рехабилитација

НА ЛЕКАР ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ МУ БИЛЕ УПАТУВАНИ ЗАКАНИ ОД 45 ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ - полицијата работи на случајот

„ПРВ ИЗЛЕЗЕ, АМА СЕ ВРАТИ ДА СПАСИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ЛИЦА“ - другарите раскажуваат и тагуваат за младиот Ице

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки
