25 Април, 2024
0.0360

Министерот Маричиќ најавува детална проверка на имотот на судиите и обвинителите

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за правда Бојан Маричиќ најавува дека правдата, заедно со економијата и евроинтеграциите, се врвни приоритети на Владата во овој втор мандат. Мандатната мисија ги содржи одговорностите и реформските активности кои министерот за правда Бојан Маричиќ се обврзува да ги исполни како ветувања дадени пред граѓаните.

Во неговото мандатно писмо се наведени обврските и реформите кои треба да ги спроведе а се однесуваат на судството и обвинителството, евроинтеграциите, Изборниот законик и подобрување на услугите кон граѓаните.

„Уште од првиот ден од мојот мандат, започнав со работа во интерес на граѓаните со цел правдата да биде достапна за сите. На мој предлог, Владата ја усвои предлог-измената на Законот за судските такси, со која судските такси се намалуваат за осум пати на максималната судска такса за физичките лица. Со други зборови, максималната судска такса за физичките лица, за граѓаните, се намалува од 48.000 денари на 6.000 денари“, истакна Маричиќ.

Маричиќ потенцираше дека неговата мисија како Министер за правда е да ја врати надежта на граѓаните во правосудството, преку зголемување на одговорноста, отчетноста и ефикасноста на судиите и обвинителите, како и органите на управата кои се под негова надлежност.

„Најприоритетната задача е да спроведеме длабоки и суштински реформи во правосудството, односно да започнеме процес на ефикасно и објективно прочистување на судството и обвинителството“, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ, додавајќи дека моделот за прочистување треба да биде завршен во првите сто дена од неговиот мандат.

Ова подразбира проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција. Судскиот совет, пак, во согласност со новите закони, треба да направи детална проверка на работата на судиите, особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање, ретки рочишта и слично.

Паралелно на овој процес, на почетокот на наредната година, најдоцна на пролет, се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи од висок профил, околу 50 предмети годишно, во кој ќе учествуваат стручни лица од странство и домашните експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ како спроведувач.

„Ние сме прва држава во регионот која од Европската Унија побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на судските предмети врзани за високата корупција“, додаде Маричиќ.

Министерот елаборираше дека целта на овој процес е да се зголеми кредибилитетот на судските одлуки и процеси во целина, како и одговорноста на обвинителите и судиите во однос на ефикасноста и праведноста во постапувањето.

„Како дел од процесот на прочистување, најавувам и ревизија по случаен избор на 5 отсто од предметите од висок профил, на случаи кои застариле да се утврди причината, колку се тие причини објективни, колку се тие субјективни и каде е изворот на проблемот со застарување на предметите“, потенцираше Маричиќ.

„Моја мисија е и да предложам со законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и континуирано да ја информира јавноста за својата работа и напредокот во предметите кои ги следат граѓаните и за коишто граѓаните се интересираат“, најави Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг