29 Март, 2024
0.0253

Министерот Спасовски на Конференција на министри на земјите кои се дел од процесот Брдо

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски вчера и денеска (7 и 8 септември) учествува на Конференција на министри на земјите кои се дел од процесот Брдо. Тема на конференцијата е воведувањето на интегрирано управување со граничната безбедност – систем кој во себе ќе вклучува три столбови на интегрирано управување: за борба против тероризмот, борба против организиран криминал и гранична безбедност.

“Во моментов, има најмалку 10 регионални рамки и иницијативи кои утврдуваат сопствен збир на приоритети на дејствување во насока на пружање поддршка на нивните сопствени имплементациски процеси. При тоа, националните служби за спроведување на законот работат на неколку различни сетови приоритети по кои треба да постапуваат, расплинувајќи сопствени човечки и логистички ресурси за да обезбедат задоволително ниво на учество во иницијативата, односно регионалната организација. Механизмот на интегрирано управување со внатрешната безбедност ја обезбедува токму потребната синергија меѓу различните регионални иницијативи, осигурувајќи одржливост, регионална сопственост и еден сеопфатен пристап во постапувањето на сите национални администрации, но и на сите регионални рамки и постоечки инструменти и утврдени алатки“, рече министерот Спасовски во своето обраќање на конференцијата.

Притоа, додаде Спасовски, уште една додадена вредност во ваквиот начин на управување со внатрешната безбедност е навремената, сигурна и неопходна потреба од искористување на надворешната помош од земјите-членки на ЕУ – област која повеќето земји од Западен Балкан недоволно ја користат.

„Секоја форма на соединување на сили во борбата против криминалот претставува чекор напред за сите нас, особено имајќи предвид дека овој вид на соработка донесува на едно место експерти за одредена област, градејќи на тој начин  мрежа меѓу националните органи, цврсто застанувајќи против криминалот и тероризмот на регионално и меѓународно ниво“, рече Спасовски. 

Министерот Спасовски на маргините на Конференцијата оствари и билтерални средби со министерката за внатрешни работи на Република Словенија Весна Гјоркош Жнидар и министерот за внатрешни работи на Црна Гора Мевлудин Нухоџиќ, На средбите се разговараше за продолжување на соработката и заедничките проекти на полициите од регионот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење