23 Април, 2024
0.0283

Министерот за дијаспора тврди дека таа не е повеќе блиска со ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми вели дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска доживеала чист дебакл на организираната средба со дијаспората.

Тој на својот фејсбук профил објави и фотографии, кои, според него, тоа го докажуваат.

„Дијаспората навистина е значаен и нераздвоен дел од нашата држава, но не и за ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата во стечај имаше на располагање повеќе од десет години да покаже конкретни политики со цел интензивирање на соработката помеѓу државата и дијаспората, но наместо тоа, дијаспората од страна на ДПМНЕ беше третирана исклучиво како пропагандна и политичка машинерија.

За жал на ДПМНЕ, а за среќа на државата, нашата дијаспора веќе го препознава тоа. Со празни зборови и ветувања повеќе не се добива довербата на дијаспората“, пишува адеми.

Според Адеми, дијаспората во изминатите две и пол години препознала драстична позитивна промена во процесот на соработка помеѓу државата и дијаспората.

„Нашата дијаспора ја препозна силната волја на СДСМ за интензивирање на соработката помеѓу државата и дијаспората. Нашата дијаспора го препозна систематскиот пристап кон дијаспората, преку понуда на конкретни мерки од значење за дијаспората. Токму затоа, оваа партија во стечај нема повеќе што да бара во дијаспората“, пишува Адеми.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП