22 Октомври, 2018
0.2461

Министерство за финансии: Тевдовски и Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ

Објавено во: Економија 11 Октомври, 2018

Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на Годишните средби на Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Индонезија.

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници од ММФ и групацијата на Светска банка. Во рамки на средбите закажани се состаноци со извршниот директор на СБ Френк Хемскирк, директорот за Југоисточна Европа на СБ Линда Ван Гелдер, потпретседателот на СБ Сирил Мулер, извршниот директор на ММФ Ентони Де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ Пол Томсен, потпретседателите на ИФЦ Џорџина Бејкер и Вибке Шломер, како и други високи претставници.

Министерот за финансии Тевдовски ќе и има обраќање на Годишните средби ММФ и СБ. Во текот на утрешниот ден Тевдовски ќе зборува на настан од високо ниво, кој ќе го отвори генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Тевдовски ќе зборува на тема „Спроведување на целите за одржлив развој во светот кој се менува: локализација, инклузивност и инвестирање во резултати“.Тој ќе се осврне на целите за одржлив раст и реформите кои се прават во земјава за остварување на тие цели.

На овој настан свое обраќање предвидено е да имаат и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) Анхел Гурија, претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Вернер Хојер и извршниот директор на Светската програма за храна (ВФТ) Дејвид Бизли.

Годишните средби на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На настанот учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки. Дискусијата е поврзана со актуелните случувања во светската економија и на теми како намалување на сиромаштијата и потикнување на растот.

Можеби ќе ве интересира

Србија нема море, ама продава пристаништа

Србија нема море, ама продава пристаништа

Кој доби тендери во РЕК Битола за 20 милиони евра?

Кој доби тендери во РЕК Битола за 20 милиони евра?

Го дерат ли приватните фирми РЕК Битола за ископ на јаглен и јаловина?

Го дерат ли приватните фирми РЕК Битола за ископ на јаглен и јаловина?

Колку домаќинства имаат „привилегија“ директно да бидат приклучени на гас во Македонија

Колку домаќинства имаат „привилегија“ директно да бидат приклучени на гас во Македонија

Павловиќ: Охридска банка ќе финансира енергетски ама и добри проекти на државните претпријатија

Павловиќ: Охридска банка ќе финансира енергетски ама и добри проекти на државните претпријатија

ОГЛАС: Ќе се вработат 28 државни службеници

ОГЛАС: Ќе се вработат 28 државни службеници

ПЛАТИ ВО ЕУ: Eдна држава го зголемува минималецот на 900 евра

ПЛАТИ ВО ЕУ: Eдна држава го зголемува минималецот на 900 евра

MИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Годинава ќе завршат градежните работи на пругата Битола-Кременица

MИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Годинава ќе завршат градежните работи на пругата Битола-Кременица

Колку пари прави најголемата државна база на податоци?

Колку пари прави најголемата државна база на податоци?