26 Април, 2024
0.0941

Министерство за здравство демантираат дека новиот Клинички ќе го уништи археолошкиот локалитет Скупи

Објавено во: Македонија 14 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Од Министерството за здравство реагираат на изјавите на археолозите во однос на локацијата на новиот Клинички центар. Тие посочуваат дека локацијата за новиот клинички центар не влегува во површината дефинирана како строго заштитена зона на археолошкиот локалитет Скупи.

Од таму информираат дека избраната локација за изградба на нов универзитетски клинички центар-Скопје е во согласност со Генералниот урбанистички план за Град Скопје 2012-2022 година и законската и подзаконската регулатива од областа на урбанистичкото планирање, вклучително и Заштитата на културното наследство.

„За потребите на ГУП на Град Скопје се изработени експертски елаборати и студии, во чија група влегува и Студијата за Заштитно конзерваторски основи, изработена од Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, каде што се дадени насоките и параметрите кои треба и се вградени во ГУП-от, а се од областа на заштитата на културното наследство“-велат од Министерството за здравство. 

Во нив споменуваниот Археолошки локалитет Скупи, е дефиниран со неколку зони на заштита и тоа: строго заштитена зона (околу 78ха) и контактна зона.

„За таа цел, сакаме да и појасниме на јавноста, дека локацијата за новиот клинички центар не влегува во површината дефинирана како строго заштитена зона, но на дел влегува во контакната зона. Во контактната зона може да се планираат и изведуваат градежни активности, но по утврдени правила и нормативи пропишани во Законот за заштита на културното наследство и Правилниците кои го надополнуваат“,реагираат од министерството.

Оваа одлука за дислокација на Клинички центар е донесена по направена консултација со лекарите, архитектите и граѓаните.

„Остануваме цврсто посветени за изградба на овој капитален објект, каде што планирано е да бидат сместени и Медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина“,  дополнуваат од Министерството за здравство.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот