08 Март, 2021
0.0327

Министерството за финансии го објави јавниот повик за проектот „Купи куќа, купи стан“

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2021

Министерството за финансии го објави јавниот повик на кој граѓаните годинава ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“.

Граѓаните ќе можат да поднесат барање заклучно 31 декември 2021 година за државна субвенција на учеството или месечната рата за купување на стан или на куќа.

„Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.

Граѓаните можат да аплицираат за 6 различни модели кои нудат различни поволности согласно тоа дали сакаат да аплицираат за субвенционирање на месечна рата на кредитот или за учество, во зависност од тоа дали аплицираат за купување на стан или куќа и во зависност од возраста„, гласи повикот на Министерството за финансии, на чиј прирачник на веб-страницата може да се види овеќе за моделите.

Субвенционирањето на ратата за првите 3 години изнесува 2,9 проценти, а за четвртата и петатта година 3,9 проценти, додека кај учеството, каматата изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата плус 6-месечен еурибор. 

„Дополнителна поволност која ја дава проектот за корисниците е дека за секое новородено или посвоено дете, ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти“, најавуваат од таму.

Лицата кои се или не се во брак не смеат да имаат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи не смеат да им надминуваат 900 евра доколку не се во брак или 1.300 евра доколку се во брак, продажната цена на станбениот објект мора да биде до 900 евра за метар квадратен и станот и куќата кои се купуваат или градат мора да бидат новоградба, односно да се купат од инвеститор или изведувач. Станбената површина не смее да надминува 150 м2.

„Сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат овие услови и се кредитноспособни согласно условите од банката можат да аплицираат во една од осумтте банки кои учествуваат во проектот: Тутунска банка, Стопанска банка-Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка-Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка“, се вели во повикот на МФ.

Во 2020 се одобрени 278 барања за субвенциониран станбен кредит, од коишто 259 се за купување нов стан, а 19 за изградба на куќа. Вкупно од почетокот на проектот досега одобрени се 1.693 барања за купување на стан или куќа, или скоро 1.700 граѓани или семејства преку проектот дошле до сопствен дом.


Можеби ќе ве интересира

Нафтата со скок, нафташите со договор: Што се случува

Нафтата со скок, нафташите со договор: Што се случува

БИТКОИНОТ СЕ „ВРАТИ“: Како ја презеде улогата што некогаш ја играше златото

БИТКОИНОТ СЕ „ВРАТИ“: Како ја презеде улогата што некогаш ја играше златото

Среќен 8ми март! Каде се жените 100 години подоцна? Какви им се платите, бенефициите, обврските?

Среќен 8ми март! Каде се жените 100 години подоцна? Какви им се платите, бенефициите, обврските?

Ќе има отпуштања, некои работат во четири смени, некаде работата не смее да прекине: Фактор дознава кои се клучните забелешки за „недела неработен ден“

Ќе има отпуштања, некои работат во четири смени, некаде работата не смее да прекине: Фактор дознава кои се клучните забелешки за „недела неработен ден“

Како најстарата македонска автомобилска компанија се справи со короната?

Како најстарата македонска автомобилска компанија се справи со короната?

ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА МАЛКУМИНА МИСЛЕЛЕ НА НОВА КОЛА - увозот на нови автомобили лани се струполи за 33 отсто

ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА МАЛКУМИНА МИСЛЕЛЕ НА НОВА КОЛА - увозот на нови автомобили лани се струполи за 33 отсто

ПРОПАДНАА ОСМОМАРТОВСКИТЕ ПОНУДИ - Иако цените се поволни, интересот е слаб

ПРОПАДНАА ОСМОМАРТОВСКИТЕ ПОНУДИ - Иако цените се поволни, интересот е слаб

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во центарот на Тетово

БЕКТЕШИ СО СТУДЕН ТУШ ДО СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ: Тие бараа пролонгирање за завршните сметки до 31 март, власта ги одби

БЕКТЕШИ СО СТУДЕН ТУШ ДО СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ: Тие бараа пролонгирање за завршните сметки до 31 март, власта ги одби