24 Април, 2024
0.0242

Министерството за труд и социјална политика со прекршочна пријава против странски инвеститор

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Министерството за труд и социјална политика поведе прекршочна пријава против Веибо Гармент Продакшн и управителот Мустафа Иршат Канџа за прекршок на Законот за работните односи. Во следните денови се повикуваат да се јават во министерството и потоа писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во барањето за покренување на постапката од страна на Комисиите за одлучување по прекршоци.

„Доколку сторителите во рок од 3 (три) дена од денот на приемот писмено не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата ќе ја утврди фактичката состојба и ќе одлучи по барањето за поведување на прекршочна постапка врз основа на приложената писмена документација“, се вели во соопштението на МТСП.

Иако не е наведено официјално, извори од министерството велат дека станува збор за злоупотреби на Законот за работни односи по неколку основи. Ваквиот акт на министерството следи по укажување за прекршувањата кои во меѓувреме не биле надминати. Откако инспекторите утврдиле неисплатување на обврските и други неисполнети услови, сега на конфекционерот му се заканува санкцијата глоба.

Во 2014 година „Веибо Груп” како странски инвеститор од Турција најави план за изградба на најголемиот интегриран текстилен центар во Европа, во зоната во Ранковце, но работата се пресели во погонот во Крива Паланка. Работниците точно пред една година излегоа на протест со блокирање на патот поради неисплатени плати, но и неплатени придонеси и заради прекумерна работа.

Ситуацијата резултираше со прекин на работниот однос на 210 работници, сопственикот и управител на текстилната компанија “Веибо Груп”-Македонија, Мустафа Иршат Канџа се огласи преку соопштение во кое наведе дека не станува збор за тоа дека не можело да се обезбеди работа за фабриката, туку раководството не можело да го сработи договореното и навремено да го испорача на нарачателот.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска