Министерството за здравство со новина - Што е Добредојде бебе?
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2017
Министерството за здравство утре ќе ја промовира новата иницијатива- Добредојде бебе.
Услугата за почеток ќе биде достапна само во главниот град а од септември и ширум државата.
Што е Добредојде бебе?
Во соопштението од здравство пишува:
„Добредојде бебе е една од првите новини на системот МојТермин, кој постепено ќе се надградува со нови содржини, со цел да се олеснат и забрзаат постојните процеси, а со тоа да се олесни комуникацијата меѓу докторите и пациентите. Се надеваме дека со оваа новина ќе им помогнеме на новите родители да уживаат во моментите на новороденчето, место да чекаат по шалтери“!
Погледнете го видеото за повеќе информации.