28 Март, 2024
0.0263

Министрите смируваат по завршената анализа: Супстанцата од ОХИС не испарила во воздухот

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Надлежните министри смируваат и велат дека нема простор за паника кај населението бидејќи токсичната хемикалија од ОХИС не испуштила никакви супстанци надвор во воздухот, покажало истрагата на акредитираната лабораторија.

Анализата во рамките на Штипскиот универзитет утврдиле дека траги од метил акрилат мономер има во цевките на цистерната, а испарувањето било внатре, додека надвор не е забележано.

Претходно, немаше точни податоци од надлежните колкава количина на метрил акрилат мономер е ослободен при случувањата во Охис и колкава е концентрацијата на истиот во воздухот.

Инспектори на општина Кисела Вода, Град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Министерството за внатршни работи претходно извршија увид во кругот на Охис каде се случило излевање на вода со која била чистена цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер.

Инспекторатот постапил по дојава од жители кои утрото почувствувале миризба во околината на фабриката. Од Државниот инспекторат за животна средина за МИА појаснија дека истекувањето се случило во погон во кој фирма препакува и отстранува историски хемикалии кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.

Метил акрилатот е токсична супстанција која при директен контакт со кожата може да предизвика тешки оштетувања и повреди на истата, објаснува преку социјалните мрежи, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев за последниот инцидент кој се случи во Охис Чибишев во однос на заштитата посочува дека при хаварија се евакуира населението во радиус од 50 метри од местото на инцидентот додека пак доколку истата е од потежок степен, тогаш вели дека се прави евакуација во радиус од 800 до 1000 метри.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија