23 Април, 2024
0.0318

МИОА прави поединечна проверка на бројот на вработени по институции

Објавено во: Македонија 13 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за информатичко општество и администрација почна со поединечна проверка на бројот на вработени во сите институции откако e утврдено дека Регистарот на вработените во јавниот сектор не ја дава реалната бројка. 

Oваа информација ја соопшти министерот,  Дамјан Манчевски. Вели дека во согласност сп  Законот за вработените во јавниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација преку Информационен систем за управување со човечки ресурси воспоставува и води Регистар на вработените во јавниот сектор.

Сепак, Манчевски вели дека Министерството за информатичко општество и администрација нема Регистар што ги содржи информациите за сите вработени во јавната администрација.  Иако за регистарот се одвоени  2 милиони евра за период од 5 години (2014-2018), тој не ја рефлектира реалната состојба со бројот на вработени.

„Во Македонија постојат 1302 институции. Од нив 197 институции не побарале согласност за систематизација од МИОА. За нив немаме никакви податоци. 150 институции имаат одобрена систематизација од МИОА, но систематизацијата не е активна, односно немаат никогаш внесено податоци. 918 институции имаат одобрена систематизација, и имаат внесувано податоци. Сепак, постојат сериозни индиции дека и кај овие институции голем број на податоци не се уредно пополнети. 37 институции, во кои што спаѓаат судовите, имаат активна систематизација, иако според закон не им треба согласност од МИОА. Поради овие проблеми во моментов МИОА прави  проверка на сите институции поединечно. Проверката ни покажа дека се соочуваме со поголем проблем од тоа што го очекувавме. Неактивни систематизации, невнесени договори за вработување, недостаток и неажурирани податоци  за вработените во јавната администрација, итн. Поради овие недостатоци  МИОА до Државната изборна комисија, вчера достави податоци за вработените во јавниот сектор што не се внесени во Регистарот на начин и постапка која е со закон предвидена. Податоците се добиени како резултат на вкрстување на бази на податоци од повеќе различни институции.  Податоците доставени до ДИК се однесуваат на 115.729 вработени во јавниот сектор. Оваа бројка не е официјална и не ја претставува реалната слика“ - вели Манчевски. 

Согласно тоа, МИОА не може да гарантира за целосна веродостојност на податоците, но смета дека доставените податоци ќе одговорат на потребите на Државната изборна комисија за распишување на локалните избори.

Проблемот во Регистарот се рефлектира и на „Годишниот извештај  на вработени во јавниот сектор“. Покрај тоа што со Законот за вработени во јавниот сектор е предвидено извештајот да се подготвува врз база на податоците од Регистарот, тоа во пракса не се спроведувало.

„Како резултат на непотполниот Регистар, Годишниот извештај за 2016 година е подготвен врз основа на податоците од повеќе државни институции како што се Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за финансии“ - додава Манчевски. 

Министерството за информатичко општество и администрација работи на надминување на проблемот со цел што поскоро да има функционален регистар.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк