МИР НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ: Две земји си разменија гранати
Објавено во: Свет 06 Март, 2019
Нови тензии на граница меѓу Индија и Пакистан.
Индиските и пакистанските војници денеска повторно ги гранатираа воените позиции, но и села лоцирани покрај границата во регионот Кашмир.
Двете војски, меѓусебно се обвинуваат која прво почнала со пукањето и гранатирањето. Извештаи за евентуални жртви засега нема.
Тензиите помеѓу нуклеарните сили Индија и Пакистан растат, особено по минатонеделните инциденти, кога беа соборени неколку воени авиони на двете страни над спорната област Кашмир. САД, Кина и другите светски сили ги повикаа двете земји на воздржаност, стравувајќи од поголем конфликт помеѓу Њу Делхи и Исламабад, кој може сериозно да ја загрози глобалната безбедност.
Најновите информации од теренот говорат дека имало и поморски инцидент помеѓу Индија и Пакистан, во кој наводно индиска подморница навлегла во пакистанските територијални води.
Пред неколку дена беа убиени четири лица.