29 Септември, 2024
0.0284

Мирчев за Фактор: 5Г ќе ја одбележи 2022 година, очекуваме позитивни финансиски резултати

Објавено во: Економија 28 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Многу предизвици успеавме да надминеме, уште многу се пред нас. Какви се очекувањата за 2022 година на едни од најуспешните луѓе во земјава, прашуваме во деновите кога истекува 2021 година. Методија Мирчев, Извршниот директор на А1 Македонија. Вели, 2022 ќе биде година полна со предизвици, но и година на многу можности.

Предизвиците секако ќе продолжат од аспект на светската здравствена криза и неизвесноста која ја носи ковид пандемијата. Но, во 2022 година, неизвесностa се шири и во сегментите на макроекономијата и политиката на локално и регионално ниво. Очекувањата се дека ќе имаме доста разбрануван период во смисла на инфлација, неизвесна цена на електричната енергија, нестабилен синџир за испорака на ресурси, политичка криза, како и недостаток квалитетни работни кадри.

Она кое ми влева сигурност е што А1 Македонија, долго и посветено работеше на стратегијата за 2022 година и сум уверен дека и покрај надворешните неизвесни фактори кои ќе влијаат на нашето работење, ние интерно како компанија заедно со целиот А1 тим, ќе успееме 2022 година да ја завршиме со позитивни финансиски резултати, нагорен тренд во сите параметри како и дека ќе успееме да ја задржиме лидерската позиција на пазарот.

Изминатите години нашиот фокус е да бидеме двигатели на дигитализацијата на општеството во кое живееме, а истата оваа цел е наша примарна и во 2022 година. Со тоа што во оваа година истата ќе биде поткрепена со новата генерација технологии, 5Г, која дефинитивно ќе ја одбележи 2022та година. Во моментот се одвива постапката за набавка на фреквенции за 5Г и очекуваме веќе на почетокот на годината да ги обезбедиме потребните фреквенции за пуштање на 5Г за комерцијална употреба. Во меѓувреме, заедно со нашиот добавувач на опремата интензивно работиме на поставување на мрежата на повеќе локации со цел што поскоро и што повеќе корисници да имаат можност да ги користат придобивките од 5Г.

Покрај новата генерација технологии, нашата стратегија за 2022 е насочена кон обезбедување на конвергентна понуда за сите наши корисници преку А1 Combo тарифите, со што нашите корисници имаат можност да добијат целосна услуга од А1 со дополнителни бенефити и субвенции за набавување на уреди.

Кога зборуваме за бизнис корисниците, А1 Македонија и во 2022 година продолжува да биде сигурен партнер на компаниите во земјата. Изминатиот период докажавме дека ИКТ решенијата кои ги креираме за бизнис сегментот, нудат флексибилност во работењето, безбедност и агилност во извршувањето на секојдневните обврски и овозможуваат дополнителен квалитет во работењето на нашите корисници, така што во следната година нашите корисници можат да очекуваат уште повеќе понуди во ИКТ делот.


Можеби ќе ве интересира

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори