МИСЛАМ ДЕКА Е ПОСООДВЕТНО АКО ОТИДАМ ТАМУ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ - Трамп после инаугурацијата ќе ја посети опустошената од пожарите Калифорнија

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2025
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој силно го критикуваше одговорот на државата Калифорнија на разорните шумски пожари во Лос Анџелес, рече дека најверојатно ќе ја посети областа следната недела по неговата инаугурација.
Во пожарите загинаа 27 луѓе и уништија повеќе од 10.000 објекти во станбените населби Палисадес и Алтадена на Пацификот. „Ќе одам таму, веројатно, на крајот на неделата“, изјави Трамп во интервју за телевизијата NBC.
„Требаше да одам вчера, но мислев дека ќе биде подобро да отидам како претседател. Мислам дека е посоодветно.
Ги критикуваше демократските лидери во Калифорнија
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом минатата недела го покани Трамп да ја посети погодената област, велејќи дека луѓето „не треба да политизираат човечка трагедија или да шират дезинформации од страна“.
Додека беснееше пожарот, Трамп побара оставка од Њусом, тврдејќи дека неговата политика предизвикала недостиг на вода што го спречува пожарот да се изгасне. Њусом рече дека тие наводи се неосновани.
Можеби ќе ве интересира
„ЕВРОПА МОРА ДА ИМА СВОЈ ВОЕН БЛОК“: Зеленски удри по Трамп, бесен поради преговорите за ставање крај на војната во Украина

МАЈКА И ЌЕРКА (2) ПРВИ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН - Авганистанец возеше низ луѓе со автомобилот, пукале за да го запрат

ОРБАН СО НОВА ШОКАНТНА ИЗЈАВА - Украина може да стане „Авганистан“ на Европа

ЗЕЛЕНСКИ ОДБИ ДА ЈА ПОТПИШЕ ПОНУДАТА НА ТРАМП?! Хаос околу украинското богатство, преговорите продолжуваат!

„НА ЕВРОПА ИТНО Ѝ Е ПОТРЕБЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА“: Туск се огласи, дали ова е удар за Америка?

ХАМАС ОСЛОБОДИ ТРОЈЦА ИЗРАЕЛЦИ! Еден од заложниците бил принуден да држи предмет во рака што вознемири многумина во Тел Авив! (ВИДЕО)

КАКОВ ПЛАН ИМА ТРАМП ЗА УКРАИНА?! Подготвува нова поделба на светот со Путин, еве што сака за возврат

ЏЕЈ-ДИ ВЕНС ШОКИРАШЕ СО ГОВОРОТ ВО МИНХЕН: Ја нападна Европа поради слободата на говорот и миграцијата

„БРЗ ДОГОВОР И МИР СО ПУТИН НЕ СЕ МОЖНИ!“: Министерката за надворешни на Финска предупредува - Европа ја очекува нестабилна иднина
