Мистериозни пратки од Кина стигнале во две земји
Објавено во: Свет 03 Август, 2020
Луѓето во САД и Велика Британија добиваат мистериозни пратки од Кина.
Станува збор за пакети со семиња од Кина што не ги нарачале, пишува британскиот „Метро“.
Не е целосно јасно зошто луѓето ги добиваат пакетите, но е издадено предупредување во САД.
Пакетите често имаат натпис на кинески дека внатре има накит, веројатно за да се избегнат проверки на биосигурност или дополнителни трошоци.
Дури 630 вакви пратки стигнале во Флорида.
Министерството за земјоделство на САД издаде изјава во која се вели дека тие се свесни дека луѓето низ целата земја примаат ненарачани пакети семиња од Кина.
Министерството за земјоделство тврди дека може да биде еден вид измама што ја користат разни компании на Интернет кога сакаат да го подобрат рекламирањето.