18 Април, 2024
0.0301

МИСТЕРИОЗНО ИСЧЕЗНУВАЊЕ: Каде и како избега осудениот за обид за убиство на Села, Никола Војминовски?

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Никола Војминовски, кој првостепено е осуден на 13 години и шест месеци затвор за обид за убиство на лидерот на албанската партија Алијанса за Албанците Зијадин Села, во текот на нередите во Собранието од април 2017, избегал а за него е распишана меѓународна потерница.

Војминовски, кој беше во домашен притвор, беше еден од клучните обвинети во процесот „27 април“ , кој македонското обвинителство го оквалификува како терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност.

Оваа информација ја потврдија од Кривичниот суд, наведувајќи дека за него е распишана меѓународна потерница.

Војминовски беше во домашен притвор се до правосилноста на пресудата.

-Полицијата која го контролирала домашниот притвор го известила судот дека обвинетиот не се придржува до определената мерка. По добиеното известување судот во Скопје донесе одлука за распишување на внатрешна и меѓународна потерница-соопштија од судот.

Војминовски во домашен притвор беше и пред донесувањето на осудителната пресуда, а потоа обвинителот Дарко Јакимовски бараше да биде продолжен куќниот притвор се до правосилноста на пресудата.

Тој е осуден на 5 јули минатата година, но одлуката ќе стане правосилна откако Апелација ќе донесе одлука за приложената жалба на одбраната.

Покрај Војминовски, во овој случај се осудени уште шест лица.

Еден од обвинетите, Сашо Сенков, беше ослободен откако обвинителството ја повлече тужбата против него како последица поради недоволно докази за неговата вмешаност.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е