24 Јануари, 2025
0.0269

MИТЕВА: Владата донесе одлука - нема да има зголемување на платите на функционерите

Објавено во: Економија 10 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

На денешната 38-ма седница на Владата беа донесени низа важни одлуки кои се во интерес на граѓаните. 

Имајќи ја предвид тенденцијата на пораст на просечната плата за 2024 година во однос на просечната плата за 2023 година, Владата донесе одлука за изменување и дополнување на законите во кои се утврдени коефициентите за пресметка на платите на избраните и именувани лица, судите, членовите на судски совет, јавните обвинители и на членовите на совет на јавни обвинители и за таа цел ги задолжи Министерство за економија и труд и Министерство за правда, секој во своја надлежност да достават изменување и дополнување на законите, на тој начин што ќе се изврши намалување на утврдените коефициенти за пресметка на платите, се со цел да не се направи дополнителна штета. 

„Односно актуелните законски решенија предвидуваа пораст на платите на избрани и именувани лица, но Владата со цел да го заштити јавниот интерес и да нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот донесе одлука со која ќе се направи измена и дополнување на законите каде нема да се загрози и влоши состојбата на избраните и именувани лица. Односно ветивме дека едно е сигурно и тоа го исполнуваме зголемување на платите на избраните и именуваните лица нема да има. Со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, се со цел да дојдеме до процент еднаков на нула“, вели портпаролката на Владата, Марија Митева. 

Обезбедени се околу 1 милијарда денари во билансот на буџетот за исплата на К-15 што е законска обврска за сите работодавачи и како Влада ќе ја исполниме оваа обврска во текот на месец декември.

Владата донесе одлука со која препорачува на сите органи на државната управа, со цел да не се предизвикаат дополнителни фискални импликации врз Буџетот да не се врши исплата на 13та плата за 2024 година како би успеале да обезбедиме фискална стабилност без преголеми оптоварувања врз средствата на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МИНИСТЕР СЕ ПОФАЛИ: Се зголемила просечната плата

СРПСКИ МИНИСТЕР СЕ ПОФАЛИ: Се зголемила просечната плата

ХРВАТИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ: Странците имаат повисоки плати и повеќе привилегии

ХРВАТИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ: Странците имаат повисоки плати и повеќе привилегии

ЛУКСЕМБУРГ ИМА НАЈВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА: Maкедонија е последна на листата - каде се другите од регионот?

ЛУКСЕМБУРГ ИМА НАЈВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА: Maкедонија е последна на листата - каде се другите од регионот?

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

СО ГОДИНИ БАРАА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ, А СЕГА КОНЕЧНО И ГО ДОБИЈА - за нив важи и посебна погодност, ќе примаат по 1.500 евра надомест додека не го исполнат старосниот услов

СО ГОДИНИ БАРАА БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ, А СЕГА КОНЕЧНО И ГО ДОБИЈА - за нив важи и посебна погодност, ќе примаат по 1.500 евра надомест додека не го исполнат старосниот услов

КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО ТРАМПОВАТА ПРИКАЗНА? Антони Пешев открива во Бизнис муабети на Фактор

КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА ВО ТРАМПОВАТА ПРИКАЗНА? Антони Пешев открива во Бизнис муабети на Фактор

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“

Самарџиоски во „Бизнис-клуб“: „Инфраструктурата е основа за развој, а регионалната соработка е клучна за напредокот на Македонија“

ВО ЗЕЛКАТА НЕМАЛО ТАКОВ ПРЕПАРАТ?: Пратката била вратена од Хрватска и тестирана, наодите биле негативни

ВО ЗЕЛКАТА НЕМАЛО ТАКОВ ПРЕПАРАТ?: Пратката била вратена од Хрватска и тестирана, наодите биле негативни

КОЈА Е ПРВАТА СЛОВЕНЕЧКА КОМПАНИЈА КОЈА ДОСТИГНА ВРЕДНОСТ ОД ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - инвеститорите сѐ повеќе вложуваат во нејзините акции

КОЈА Е ПРВАТА СЛОВЕНЕЧКА КОМПАНИЈА КОЈА ДОСТИГНА ВРЕДНОСТ ОД ПЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА - инвеститорите сѐ повеќе вложуваат во нејзините акции