19 Април, 2024
0.0281

МИТКО ЈАНЧЕВ, АРБЕН ТАРАВАРИ, ТОНИ КОЊАНОВСКИ... Фактор ѕирна во имотните листови на градските татковци. Некои се навистина богати, имаат станови, куќи, земјишта, удели...

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Некои и досега биле градски татковци, други, пак, биле на поинакви функции во власта, а трети за прв пат седнуваат во градоначалничките фотељи.

Македонските општини ги добија своите нови градоначалници, кои со нив ќе управуваат во следните четири години, а многумина веќе и се фатија за работа.

Јавноста како и секогаш е љубопитна да ѕирне во нивните имотни листови. За новите градоначалници кои досега не биле на други државни функции ќе почекаме, бидејќи имаат уште некој кус период, после кој ќе бидат обврзани да ги достават своите анкетни листови до Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Избраните градоначалници и членови на Совет на општина, односно на Град Скопје, имаат обврска за поднесување на изјава за имотна состојба и судир на интереси, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот. Градоначалниците или членовите на совет на кои функцијата им престанала, исто така, имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба или судир на интереси најдоцна во рок од 30 дена, од денот на престанување на функцијата. Градоначалниците или членовите на совет се должни во рок од 30 дена да го пријават секое зголемување на нивниот имот, односно имотот на членовите на нивното семејство во вредност што надминува 20 просечни плати во претходниот тримесечен период“, изјави неодамна претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Затоа, пак, ќе ги видиме имотите на старо новите градоначалници, но и на оние кои биле пртеници, директори, или советници.

Новиот градоначалник на Аеродром, а поранешен пратеник Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ има Ауди Q2 2018 2019 година, вредно над 28 илјади евра. Аудито му е купено како заеднички имот, а има и имот на брачен другар, и тоа буба, вредна 430 илјади денари. Муцунски има и девизен депозит од 3.000 евра во една од домашните банки, а и тоа му е заеднички имот.

На веб страницата на ДКСК може да се види и имотот на новиот битолски градоначалник, Тони Коњановски, кој порано бил член на советот на таа општина, па затоа бил обврзан да доставува анкетен лист. Коњановски има деловен простор од 6,9 милиони денари или 112 илјади евра, кој го добил како подарок, потоа земјиште од над 46 илјади денари, Тони Коњановски има и два стана, од кои едниот вреди 1,86 милиони денари, додека другиот е помал и е стекнат со договор за подарок. Тој има и две моторни возила, а поседува и благородни метали, односно накит од 1.000 евра, а има и кредит, чија сума не е висока.

Уште еден пратеник станува градоначалник, а тоа е Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој има куќа од еден милион денари, мерцедес од 500 илјади денари, како и денарска штедна книшка во банка од 2,4 милиони денари.

Горан Стевковски досега беше член на Советот на општина Гази Баба, а отсега ќе управува со таа локална самоуправа, така што веќе не е тајна ниту негивиот имотен лист. Тој поседува куќа од 3 милиони денари што е заведено како имот на родители, како и две моторни возила од 930 и 250 илјади денари.

Арбен Таравари е старо-нов градоначалник на Гостивар. Има навистина респектабилен имотен лист, со сериозен имот, од кој дел е личен, а дел на родителите или на брачен другар.

Да одиме со ред. Таравари располга со стан во Скопје од 9,8 милиони денари кој е пријавен како имот на брачен другар. Како имот на родители, пак, има пријавено градежно земјиште во Тетово од 8,8 милиони денари, но и двор во Гостивар од 2,4 милиони денари. Како имот на родители пријавил и три деловни простори во Гостивар, и тоа по вредности од 1,7 милиони денари, 12,8 милиони денари и 6,2 милиони денари. Таравари има и три куќи, две во Гостивар и тоа едната од 335 метри квадратни и вредна 14,4 милиони денари, а другата помала и со вредност од 2,4 милиони денари. Самиот Таравари како личен имот има куќа во Скопје од 9,3 милиони денари, од 251 метар квадратен. Заедно со сопругата имаат две моторни возила но и кредит, има слики од македонски автори, но и златен накит од 1,4 милиони денари.

Сличен имот имал и пед четири години, а разликата е во тоа што тогаш имал два стана во Скопје, а сега има еден стан и една куќа.

Анго Ангов, старо новиот градоначалник на општина Дојран, има како заеднички имот градежно земјиште во стар Дојран од 289 илјади денари стекнат со наследство. Во истото место има и куќа од 6,15 милиони денари која му е стекната со наследство, а во Гевгелија има стан од 1,85 милиони денари, кој му е личен имот што самиот го купил. Како имот на родители, имот на сестра и личен имот се пријавени три моторни возила, а поседува и хартии од вредност, два депозити и еден кредит.

Следува анкетниот лист на убедливо најбогатиот градоначалник во земјава, првиот човек на Кавадарци во својот втор мандат, Митко Јанчев. 

Да наброиме со ред што се тој навел како имот во својот анкетен лист. Прво како заеднички имот се пријавени гаража во Скопје од 423 метри квадратни од 615 илјади денари, потоа земјиште во Кавадарци од 74 М2 од 1,23 милиони денари и уште две земјишта во неговиот град од 2,21 милиони денари, а другото од 184 илјади. 

Следува земјиште во местото Шамаците од 435 илјади денари, како и земјиште под објект во Скопје од 307 илјади денари, а во главниот град има уште едно земјиште под објект од 615 илјади денари. Кавадаречкиот градоначалник како заеднички имот пријавил и два непрецизирани имоти во Скопје и тоа едниот вреден 307 илјади денари, а другиот 492 илјади. 

Покрај ова, Митко Јанчев има пријавено и еден објект во Кавадарци, од 7,38 милиони денари, а како имот на брачен другар има пријавено и стан во Охрид од 6,15 милиони денари. Потоа, во неговиот анкетен лист се наведени осум земјишта како личен имот во Кавадарци, Ваташа и Краишта стекнати со наследство, со вредност по следниов редослед – 1,08 милиони денари, 184 илјади денари, две од по 307 илјади денари, па еден доста повреден од 32,6 милиони денари, па следува едно од 369 илјади денари, наредно од 652 илјади и едно од 7,7 милиони денари. Имотниот лист на Јанчев не застанува тука, туку продолжува со пријавени три земјишта под објект и двор во Кавадрци, и тоа едното од 1,85 милиони денари, па наредниот од 2,46 милиони и третиот од 430 илјади денари.

Исто така на име на Митко Јанчев во Кавадарци следуваат четири куќи пријавени како личен имот. Првата има 89 ,етри квадратни и вреди 1,5 милиони денари, а втората е 60 М2 и е 120 илјади денари. Третата куќа на овој градоначалник е од 444 метри квадратни и вреди 15,4 милиони денари, а нареднта е од 264 М2 и вреди 9,2 милиони денари. Листата продолжува со непрецизиран имот во Ваташа од 3,8 милиони денари. Потоа следуваат три стана од кои едниот во Ваташа од 3,9 милиони денари и два стана во Скопје од 96 и 117 метри квадратни, во вредност од по над 6 милиони денари. Јанчев пријвил и повеќе моторни возила од кои едно БМВ, но и неколку трактори.

Листата на кавадаречкиот градоначалник се надополнува со три удели во компании, од кои едниот од 75 отсто вреди 500 милиони денари или 8.13 милиони евра, додека вториот од 100 отсто има вредност од 16 милиони денари, а третиот е 1,5 милиони денари.

Јанчев има и неколку побарувања по даден заем, приходи од продажба на грозје, субвенции, како и девизен депозит од 25.700 евра, земјиште под закуп од МШЗВ од 270 илјади евра, штедна книшка, но и два кредити во неговиот анкетен лист.

Дел од имотот на Јанчев е стекнат со наследство, а дел е купен.

Што поседува пак новиот градоначалник на Кисела вода, Орце Ѓорѓиоски, кој досега беше советник и поради тоа може да се види неговиот досегашен анкетен лист. Тој има градежно земјиште во Чашка од 120 илјади денари, а како имот на родители пријавил и две куќи. Едната во Скопје од 197 метри квадратни вредна три милиони денари, и едната куќа за одмор во Чашка од 600 илјади денари.

Како личен имот Ѓорѓиески има и два стана, едниот од 67 квадрати вреден 2,4 милиони денари, и уште еден стан во Скопје од 3,5 милиони денари. Поседува и три моторни возила, но и еден кредит. Дел од имотот на овој нов градоначалник му е купен, а дел му е стекнат како наследство.

Старо новиот градончалник на Куманово, Максим Димитриевски, исто така им значаен имот, за кој Фактор веќе пишуваше. Меѓу набројаните работи се неколку земјишта и куќи во Куманово, неколку моторни возила, три удели, девизни штедни книшки, денарски депозит, но и неколку кредити, како и златен накит. Дел од овој имот е личен, дел на родители, а дел на брачен другар.

Кирил Пецаков, досегашен пратеник а сега нов градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, има пријавено моторни возила и неколку девизни депозити, од кои дел се на брачен другар, а дел е имот на деца.

Коста Костадинов, досегашниот пратеник а сега градоначалник на Струмица од СДСМ, има пријавено моторни возила и денарска платежна картичка.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?