18 Април, 2024
0.0528

Митревски: Нема да ни бидат расипани односите со ДУИ ако гласаат за законот за ЈО како што се договоривме

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Долго се работеше на ова законско решение за законот за јавно обвинителство, зад кое застанаа и нашите пријатели од САД и ЕУ. Пред граѓаните ветивме неселективна правда и ова е шанса тоа да го оствариме. Денешната седница е шанса да се види кој е за правда а кој за одбрана на криминалот, рече на прес конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

„Како одговорна партија и одговорно парламентарно мнозинство продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните“, нагласи тој. 

Нивна цел е, вели тој, носење на законите пред распуштање на Собранието, а тоа е 16 февруари, како што кажа и Државната изборнса комисија. 

Прашан дали им се расипани односите со коалициониот партнер ДУИ, тој насгласи дека ако ДУИ гласаат за законот, односите нема да бидат расипани.

„Според тоа што слушнавте,  ДУИ тие настојуваат да се донесе законот за ЈО, што значи нема да има расипување на односите со ДУИ ако овој закон се донесе како што е договорено“, рече Митревски. 

Наведе многу закони кои ги блокира ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој се надева дека ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, ќе се надминат себе си и ќе предложат нов технички министер на местото на Рашела Мизрахи.

За Мила Царовска, која претходно беше министерка за труд и социјала, рече дека секогаш пресови држела пред таблата на која стои Северна Македонија, и тоа може да се види низ архивата, па затоа тука воопшто не станува збор за двојни стандарди. 

Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан