07 Декември, 2025
0.0345

Мизо: Странските инвеститори очекуваат намален број на нарачки

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2025 12:02

Добивај вести на Viber

Витктор Мизо, претседателот на Советот за странски инвеститори речедека осумнеделната анкета спроведена помеѓу поголемите странски компании во земјата покажале дека поголем дел од нив очекуваат да не се зголеми бројот на вработувања. Ова е согласно економските текови кои во моментот доаѓаат како влијание од Европа.

- Најголем број на компаниите се од производствен извозно зависен сектор кон Европа. Намалување на број на вработени не е отпуштање, туку нема да се пополни работното место ако некој замине или нема да има продолжување на договорот. Барем за автомобилската индустрија можам да кажам дека тоа ќе зависи од кој е клиентот за кој овде се работи и за кој модел на возило. Секако, има и позитивни примери со зголемен број на нарачки. Но во просек се очекува намалувањата на нарачките да се движат од десет до 25 проценти, рече Мизо.

Компаниите кои учествувале во анкетатат вработуваат над 40.000 работници, а лани инвестирале над 270 милиони евра. 93 отсто од нив се со извозно ориентирани активности. Од државата како поддршка бараат јавен превоз за работниците,противпожарни бригади, системи за логистика, детски градинки, банки во близина и слично. Приоритети се изградбата на пристапните патишта, новиприклучоци до струја и гас, општата инфраструктура за автопати и паптишта , приклучоци до вода и канализација и друго. 38 проценти од нив имале зголемен, а 62 отсто од странските инвеститори имале намален обем на работа што се должи најмногу на помалиот обем на нарачки и неможноста да најдат соодветна работна сила.

- Би било добро да се креираат нов сет на мерки, слично како оние за време на короната. Тоа би биле мерки во насока на задржување на постоечката работна сила и директна комуникација со овие компании да се изнајде начин кога потенцијални консолидации би се случиле во Европа да бидат во позитивна насока за Македонија, а можеби не толку позитивна за други локации, така да некаква консолидација да се случува кај нас, а не на други места врз основа на поддршката на компаниите која би ја добиле, додаде Мизо.

Во текот на минатата година, според одговорите од анкетата, најголем проблем било пронаоѓањето на работната квалификувана сила, потоа оперативно зголемените трошоци, бирократијата , легалната несигурност и честата промена на регулативата, а корупцијата и судството се на петтото место.

Половина од овие компании веќе добиваат или аплицирале за државна помош.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце