Млад човек прободен со нож во око на свадба во Бања Лука?
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2021
Kрвава свадба се случи во босанскиот град Бања Лука. Млад човек е сериозно повреден при расправија којашто се случила вчеравечер. Гостите почнале да се расправаат за музиката на свадбата.
„Венчавката беше помала и сè беше во ред додека во еден момент не се скараа околу музиката. Во тоа туркање, кумот, наводно, го прободел со нож во око младиот човек, некои дури рекле дека виделе пиштол“, изјавил еден од гостите на свадбата за „СрпскаИнфо“.
Неофицијални информации говорат дека младиот човек со убодна рана бил примен во Ургентен центар, каде му е укажана помош.