Млад ерменски фудбалер загина во Нагорно - Карабах
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2020
Млад ерменски фудбалер загина во воените дејствија во Нагорно - Карабах.
Фудбалерот Ерик Сарјан (18) е убиен во војната.
Смртта на Ерик ја објави неговиот клуб Локомотив Ереван, со пораки за утеха до неговото семејство.
„18-годишниот фудбалер е убиен на границата Артсак, со Азербејџан“- наведуваат оттаму.
Повеќекратниот државен шампион во кревање тегови Татул Харутијан (33) на почетокот на месецот е убиен во борбите во Нагорно Карабах.Стотици луѓе се убиени во избувнувањето на војната над Нагорно Карабах, планинска енклава што му припаѓа на Азербејџан според меѓународното право, но со која управуваат етнички Ерменци.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека азербејџанската армија презела контрола врз 13 села во регионот Џебраил, во Нагорно-Карабах.
Се војува веќе 23 дена.