24 Април, 2024
0.0312

Млада битолчанка одбрала рударска струка и во иднина сака да работи во рудник

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Марија Христовска е млада битолчанка која избрала рударска струка и во иднина се надева дека ќе работи во рудник или ќе биде професорка доколку добие шанса за такво работно место.

Оваа млада девојка посетува настава во трета година во средното училиште „Таки Даскало“ во Битола.

Таа не се сложува дека ова е типично машка професија. За себе вели дека ги сака рудниците, сакала да научи нешто повеќе за минералите и затоа се одлучила за оваа струка.

„За рударската струка се одлучив така што сакав да научам нови работи за рудниците.  Имав желба за зголемување на знаењата за минерали, кристали, настанокот на земјата, машините во рудниците, обработката на јаглен.  Пракса посетуваме во Мак Мермер, Атанасови инокс и РЕК Битола  и во училишната работилница каде што сечеме, дупчиме и обработуваме камен и различни видови на минерали“, вели Христовска.

Таа вели дека рударската работа бара голема одговорност.

„Мислам дека работата не е многу напорна, но одговорноста за работата на еден рудар е многу голема. Не гледам дека е машка професија затоа што по стручните предмети имам три професорки и еден професор, а каде што одам на пракса во РЕК Битола има многу жени коишто се инжинери, техничари и ракувачи. Образованието сакам да го продолжам на Факултетот за природни и технички науки во Штип. Во иднина ќе си барам работа за во рудник како инжинер, но ако ми се отвори можност за професорка би се вработила и во училиште“, додава Христовска.

Девојката вели дека сите кои ја познаваат имаат само позитивни коментари за струката за која се образува.

„Сите кои ме познаваат велат дека сум одбрала супер струка. Свесна за учење во оваа струка станав кога се запишував, но кога почнав да ја изучувам струката уште повеќе почнав да се интересирам“, рече Христовска.

Таа е единствената девојка меѓу учениците од трета година на насоката геолошко-рударски техничар во „Таки Даскало“ во Битола, и е одличен ученик.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку два спрема еден

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори

И ДЕНЕС МОЖЕ ДА ИМА ПОБЕДНИК: Еве како

И ДЕНЕС МОЖЕ ДА ИМА ПОБЕДНИК: Еве како

СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ДУИ: „Покажавме демократска зрелост, како што ја личи земја членка на НАТО“

СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ДУИ: „Покажавме демократска зрелост, како што ја личи земја членка на НАТО“

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ, А ДИЈАСПОРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛАСА“ - прва изјава на Јакимовски

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ, А ДИЈАСПОРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛАСА“ - прва изјава на Јакимовски