Млада жена паднала од поткровје на куќа и починала
Објавено во: Македонија 01 Август, 2020
Триесет и четиригодишна жена од Батинци паднала од поткровје од куќа и починала на лице место.
Смртта ја констатирал лекар од итна медицинска помош. На местото на настанот излегла екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на семејството.