МЛАДИОТ НИКОЛА БОЛЕДУВА ОД РАК НА КОСКИТЕ - Потребна му е помош
Објавено во: Македонија 01 Април, 2023
Низ медиумите и социјалните мрежи се шири апел за помош на младиот Никола Ѓорѓиев.
Како што се пренесува младиот Никола боледува од рак на коските и потребни му се средства за негово понатамошно лекување.
Сите хумани граѓани може да донираат на трансакциската сметка: 200003717578051
— ₱Ø₭ł (@Drakaryyys) March 30, 2023
Од она што го споеделуваат твитерџиите, Никола нема родители и живее со неговите баба и дедо. Се повикуваат сите хумани граѓани да му помогнат да го продолжи своето лекување.
Кон апелите за помош на Никола се приклучи и групата ДНК, кои исто така преку социјалните мрежи апелираат за помош на момчето кое е без родители.
- Ме пречека како вистински домаќин. За жал судбината сакала да си поигра со него и наместо да се грижи и прави планови за својот живот или да се “замара” каде утре ќе игра фудбал, баскет или ќе бира на која журка да иде, он мисли како да ја победи најподмолната болест која за жал се почесто е присутна помеѓу младите.
На Никола му е дијагностициран карцином на коски за кој е потребно голема сума на средства. Никола нема родители, живее со својата баба и дедо во село Црешево, па би ве замолил во мое име и името на ДНК сите добри и хумани луѓе и оние кои се во можност заеднички да помогнеме за Никола да ја победи болеста и потоа да не викне сите нас заедно на една голема журка каде што ќе го славиме животот. Би ви биле благодарни и да споделите се со цел да стигне до што поголем број луѓе кои би можеле да донираат средства. Воедно упатувам апел до градоначалникот на Општина Гази Баба да изнајде начин да му олесни на Никола околу финансиите и сите институции кои за жал не функционираат кога доаѓа до ваков случај. За жал се повеќе лечиме болни преку пораки и донации.
Ова е личниот број на Никола па кој сака може и лично да го исконтактира: 074 604 158 - пишува во објавата на ДНК.