20 Април, 2024
0.0273

ММФ и Светска банка со пофалби за економските и реформите во јавните финансии во земјава

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Извршните директори на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка со позитивни оценки за економските и реформите во јавните финансии во земјава. Извршниот директор за ММФ на Конституенцата Антони де Ланој во изјава за медиумите за време на состанокот на Холандско-белгиската конституенца кој се одржува во Скопје, истакна дека Владата има амбициозна реформска агенда, која дава резултати на политички и економски план.

- Владата има навистина амбициозна реформска агенда и навистина може да се забележат резултати, како на политички план, бидејќи изгледите на земјата за влез во ЕУ и НАТО се подобрени, но и на економско ниво, како кај бизнисот, деловното окружување, образованието. Сметам дека преминот од рамен данок кон прогресивен данок е позитивен чекор кон обезбедување еднаквост и ММФ на повеќе наврати тоа го препорачувал и сметам дека секако е добар начин да се стигне до поголема еднаквост за која што зборувавме - рече Антони де Ланој, извршен директор на ММФ за Конституенцата.

За извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе, Преспанскиот договор немал само политичко, туку и економско значење, бидејќи создал доверба и можности за реформи

-Владата навистина вложуваше и во човечкиот капитал и во приватните компании, но и во одржливоста. Само што ги слушнавме последните бројки на Светска банка кои покажаа позитивно економско сценарио и покрај глобалното забавување. Светска банка неодамна склучи повеќегодишна програма со Северна Македонија за да ги поддржи инвестициите во човечки капитал. Оваа програма ќе креира можности за приватниот сектор, за младите, за жените, но и за клучни прашања како загадувањето – рече Давидсе извршен директор на Конституенцата за Светска банка.

Потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер во својата презентација истакна дека сите земји членки на Конституенцата ќе имаат поголем економски раст од регионалниот просек, а најголем напредок во реформите имаат Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Министерот за финансии Драган Тевдовски во изјава за медиумите за време на Конституенцата истакна дека Програмата на Владата е поставена за животниот стамдард да растре за мнозинството на граѓани и практично да се намалува нееднаквоста.

-Ние досега преземавме многу различни чекори. Водиме фискална консолидација го средивме системот на финансии во земјава. Но од друга страна не само што успеавме да го стабилизираме јавниот долг, туку водиме политики кои што овозможија практично да се постигнат нашите главни цели. Прво со праведното оданочување обезбедивме дополнителни средства со кои многукратно ги зголемивме социјалните трансфери на најранливите граѓани. Ние сме првата земја во регионот која има минимален адекватен приход, многукратно ги зголемивме социјалните трансфери. Еден од главните приоритети ни е платите да растат и во 2018 година платите расте скоро со 6% многу повисоко од претходниот период. Направивме реформа на системот на јавните набавки кој е целосно поврзан со директивите на ЕУ. Исто така, обезбедивме фискална транспарентност, ако пред неколку години тоа беше една од темите кои беа критикувани, сега заради различни мерки кои ги преземавме ја подобривме фискалната транспарентност-рече Тевдовски.

Инаку во тек се средбите на Холандско-белгиската Конституенца,, која се одржува во Скопје, на кој поздравно обраќање имаше премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев. Воведни обраќања имаа министерот за финансии Тевдовски и гувернерката на Народната банка Ангеловска-Бежоска. 

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ