Многу силен земјотрес ја „здрма“ оваа земја
Објавено во: Свет 08 Јануари, 2019
Силен земјотрес ја погоди Јапонија.
Потрес од 6,4 степени „удри“ во јужниот дел на земјата. Ова го соопшти aмериканскиот институт за геолошки истражувања.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 39 километри, 116 километри југоистично од Кагошиме.
Нема информации за причинета штета или човечки жртви, пренесе „Ројтерс“,
Земјотресите се чести во Јапонија, еден од сеизмички најактивните региони на светот.
Јапонија е погодена од околу 20 отсто од сите земјотреси во светот со јачина од шест или над шест степени.Пред два дена многу силен земјотрес имаше и во друга земја. Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала погоди област 173 километри северозападно од градот Тернате во Индонезија.
Земјотреси денеска имаше во Мексико, Аргентина, Италија, Доминиканската Република, Алјаска и други места.