МНОГУ ЗАРАЗЕН СОЈ НА ПТИЧЈИОТ ГРИП СЕ ПОЈАВИ ВО ХОЛАНДИЈА: Се утврдува дали инфекцијата се проширила
Објавено во: Свет 24 Јануари, 2022
Многу заразен сој на
птичјиот грип открија холандските власти на една живинарска фарма во северниот
дел на земјата. За да се спречи натамошното ширење на инфекцијата ќе бидат
уништени околу 170.000 кокошки.
„Околните фарми во провинцијата Северна Холандија ќе бидат затворени додека се вршат тестирањата за вирусот Х5Н1 и додека не се утврди дали инфекцијата се проширила“, наведува во денешното соопштение холандското Министерство за земјоделие.
Од избувнувањето на оваа заразна болест во 2021 година во Холандија се убиени стотици илјади кокошки, патки, мисирки и десетици диви птици.