07 Декември, 2025
0.0331

МНР: Димитров и Коѕиас разговарале за средба на експерти од областа на историјата

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2017 16:20

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, на состанокот во Њујорк не разговарале за формирање заедничка комисија туку за средба на експерти од областа на историјата, велат од МНР за „Мета“.

„Она за што е разговарано на состанокот во Њујорк помеѓу Димитров и Коѕиас е во насока на иницијативата на Република Македонија од 2007 година за средба на историчарите од двете земји. На состанокот во Њујорк, соговорниците се согласија дека треба да се работи на надминување на историските предрасуди на Балканот во интерес на соработката и на заедничката европска иднина. Двајцата министри во оваа фаза разговарале за средба на експерти од областа на историјата, а не за формирање заедничка комисија, при што е разбирливо процесот да се однесува на двете страни“- велат од МНР.

Коѕиас во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ кажа дека со Никола Димитров се договориле да формираат заедничка комисија од експерти, кои ќе ги отстранат иредентистичките поими во учебниците и во географските карти.

Грчкиот министер за надворешни работи  се надева дека до крајот на ноември ќе има првични резултати од работата на оваа комисија и, како што кажа, „ќе се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од Железничка

ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од Железничка

ГУЖВА НА ГРАНИЦИТЕ: Еве каде се чека најмногу

ГУЖВА НА ГРАНИЦИТЕ: Еве каде се чека најмногу

Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино

Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино

ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?

ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?

Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови

Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови

„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски

„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија

Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија