МНР: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2025 20:47
Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции во овие земји.
„Воедно, уште еднаш апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба. Покрај претходниот повик до сите граѓани на Република Северна Македонија кои престојуваат во Израел да ја контактираат Амбасадата во Тел Авив, ги повикуваме и македонските државјани кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, за сите потребни информации или прашања да се обратат до надлежните амбасади во Доха и Абу Даби“, велат од МНР.
Ги објавија и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и дежурните служби на Министерството.
Можеби ќе ве интересира
ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ ДЕКА ИМА ЗЛАТНА ВИЗА ЗА ДУБАИ: Еве како ја добил

ДВЕ ИМИЊА И СЕ ПОЗНАТИ НА ЈАВНОСТА, ЗА УШТЕ ДВАЈЦА СЕ РАЗМИСЛУВА: Ралев и Шукова можни кандидати на СДСМ за Скопје

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?
ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов
