Мобилите нападнаа и во Бугарија, главниот доктор загрижен поради слабата имунизација
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2019
Атанас Мангров, шефот на детското одлеление за инфекции во Софија, за бугарската национална телевизија изјави дека порано или подоцна на секој му се заканува заболување доколку не е вакциниран против морбили, по двата тешки случаи со возрасна жена и тригодишно дете кои беа хоспитализирани.
Тој откри скандал во Бугарија во кој тврди дека доктори на молба од родителите запишувале дека децата им се вакцинирани, иако не подлежеле на МРП вакцините, па така сега дури 95 отсто од нив не се имунизирани.
- Треба некој да им каже дека тоа што го прават родителите е понеразумно, отколку тоа што би требало да го направи. Последиците кај некои деца се поради излиг и губење воздух ори раѓање, или пак генетска вроденост, но не е од вакцините - рече Мангров.
Давајќи коментар за случајот со трите почлинати деца за кратко време во Македонија, тој рече дека тоа е нешто од што се умира и дека изборот е едноставен - да се вакцинираш или да се разболиш.