29 Март, 2024
0.0255

Мобилната лабораторија за испитување на квалитет на горивата и натаму вон употреба

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Мобилната лабораторија за испитување на квалитетот на течните горива односно на нафтата и нафтените деривати што ја купи државата пред седум месеци за 512.000 евра и натаму е вон употреба.

Пробиен е и рокот кој беше одреден до почетокот на оваа година, односно до средината на јануари. Иако беше набавена и промовирана во јуни годинава таа се уште не е во функција  Од Државниот пазарен инспекторат велат дека технички е испитана и ги дава резултатите за кратко време, но и натаму се чека да се земат првите примероци од нафтените трговци во редовна процедура.

- Инспекторатот редовно испитува одземени примероци од горивата, но во моментов не ги испитува со мобилната лабораторија. По завршувањето на празниците, во моментов се одржуваат состаноци на оваа тема и наскоро треба да биде познато кога ќе се стави во функција, ни одговорија од Државниот пазарен инспекторат.

Претходно Владата ги задолжи Бирото за метрологија, кое ја купи лабораторијата, и Државниот пазарен инспекторат да склучат договор за уредување на меѓусебните односи за начинот на користење и функционирање и со тоа колку што е можно побргу да биде ставена во функција.

Мобилната лабораторија треба да го испитува квалитетот на течни горива и степенот на емисија на штетните гасови што произлегуваат од нивното согорување за мошне брзо време на самото место и да ги детектира злоупотребите.  Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат се докажуваа кој треба да ја поседува и да ја користи, односно кој е надлежен да ја прави контролата, а долго се чекаше за нејзиното акредитирање.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат