Moгерини доаѓа во Белград - со кого ќе се сретне?
Објавено во: Балкан 27 Март, 2018
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини попладнево ќе пристигне во Белград на разговори со српскиот претседател, Александар Вучиќ само ден по апсењето на директорот на владината Канцеларија за КиМ, Марко Ѓуриќ. Ова го потврди Маја Коцијанчиќ, портпарол на ЕК.
Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ денеска ќе се состане со сите претставници на дипломатскиот кор во Србија и со претставниците на повеќе меѓународни организации, меѓу кои и на ОН, ЕУ, ОБСЕ.
Состојбата во северно Косово е тензична, но мирна.
Со барикади кај Рударе блокиран е магистралниот пат од Митровица кон Рашка во Србија, а на административниот премин Јариње има блокирано околу 50 камиони.
Косовските специјални полициски сили се повлекоа од северниот дел на Косовска Митровица, но се присутни во јужниот дел од градот.
Во синоќешната акција на полицијата во Косовска Митровица, кога беше приведен Ѓуриќ, повредени се вкупно 32 лица, од кои потешко се повредени пет лица меѓу кои е и косовскиот министер за земјоделство, Ненад Рикало. Меѓу повредените има и претставници на медиумите.