Могерини очекува безусловна препорака за Албанија многу скоро
Објавено во: Балкан 20 Март, 2018
Европската комисија да даде безусловна препорака за почеток на пристапни преговори со Албанија во следните два до три месеци.
Ова го очекува високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
Таа на седницата на Европарламентот во Брисел истакна дека Албанија постигнала напредок пред во областа на реформите во судството и надворешната политика, но и дека пристапувањето би било корисно не само од економски причини, туку и поради „помирување на балканскиот регион“.
Могерини му порача на албанскиот премиер, Еди Рама дека земјата се движи во вистинска насока и предупреди на потребата за продолжување на реформите.
Рама, од своја страна, истакна дека е смешно Албанија да се претстави како „регионална престолнина на криминалот“.
Тој призна дека постојат проблеми кои се однесуваат на организираниот криминал, корупцијата и изградба на институциите, но дека земјата сега е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ.