Могерини: Она што го видовме во Скопје е особено загрижувачко
Објавено во: Македонија 28 Април, 2017
Она што го видовме вчера во Скопје е особено загрижувачко и многу тажно, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини пред средбата во Малта на министрите за надворешни работи на Европската Унија.
„Сметаме дека насилството секогаш е неприфатливо, дотолку што се случува во куќата на демократијата – Парламентот и веруваме дека сите во Скопје треба да ги следат уставните принципи, демократијата и да се обидат да ја извлечат земјата од оваа сериозна криза, која може да биде опасна“ - изјави Могерини, цитирана од светските агенции.
Таа вели дека партиите треба да ги следат уставните принципи, демократијата и да се обидат да ја извлечат земјата од оваа сериозна криза.