Могерини се изјасни за проширувањето на ЕУ
Објавено во: Свет 18 Јули, 2019
Проширувањето е прашање на помирување и обединување на ЕУ, вели шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.
Говорејќи за примената на глобалната ЕУ-стратегија, пред Европскиот парламент Могерини оцени дека приближувањето на земјите од Западен Балкан е инвестиција во европската безбедност, стабилноста и просперитетот.