20 Април, 2024
0.3047

Санџив Гупта: Мојата визија за јаглерод - неутрален челик до 2030

Објавено во: Мои пари 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Невозможно е да се замисли модерниот живот без челик. Зградите би се урнале, авионите би се приземјиле, автомобилите би биле неупотребливи, бричевите би биле без острица. Челикот е „циглата“  на индустриската ера – но време е сериозно да размислиме за неговата иднина.

Во многу погледи, челикот е најодржлив материјал од сите – може 100% да се рециклира без да изгуби на квалитет и е од суштинско значење за изградбата на многу столбови на нашата зелена иднина, вклучително ветерниците и хидро-електричните турбини, како и возилата кои работат на струја. 

Меѓутоа,  жално  но вистинито е дека на секој произведен тон челик, 1,89 јаглероден диоксид се испушта во атмосферата.  А индустријата е одговорна за 7 до 9 проценти од вкупната директна емисија на јаглероден диоксид од употребата на фосилни горива.

Годинава во август, Бил Гејтс постави едно издржано прашање. Основачот на Мајкрософт напиша дека секогаш кога ќе слушне да се дискутира за држењето на глобалното затоплување под контрола, неговото прво прашање гласи: „А што планирате во врска со челикот?“. Челикот се произведува, наједноставно речено, со топење на железна руда, кокс  и други минерали на температура од над илјада степени – што вклучува генерирање огомно количество прави неизбежна емисија на јаглерод.

Еден пристап е едноставно да се произведува помалку примарен челик – и мојата компанија, Либери Стил Групацијата, беше пионер во производството на GREENSTEEL (еколошки челик), кој се базира на рециклирање старо железо во електрични печки наместо да се произведува од основните суровини. Овој метод резултира со 66% помала емисија во споредба со примарниот пат на производство на челик, а кога ќе се искомбинира со обновливата моќ, заштедите се огромни. 

Но, во реалноста, нациите во развој се индустријализираат, а средната класа станува поголема, па така и потребата за основни материјали расте. Побарувачката на челик има тенденција да го следи БДП и до 2050 година се очекува да стане двојно поголема од онаа во 2012 на глобално ниво. Во истата таа година, Договорот од Париз за климатските промени бара од државите да достигнат нулта нето емисија.  Ова значи дека е потребна суштествена промена.

Едноставни чекори може да доведат до голем бенефит. На пример, ние успеавме да заштедиме 75 илјади кубни метри свежа вода годишно со тоа што се префрливме на употреба на отпадни води во партнерство со Dwr Cymru на нашите локации во Јужен Велс. Моментално работиме на стратегии за „дематеријализација“ – што всушност значи дека може да се градат нешта со помал волумен челик. A, доколку преминеме и на локални снабдувачи, нашите погони ќе ја намалат и емисијата што се создава при транспорт. 

Сепак, индустријата мора да покаже поголеми амбиции. Тоа значи поголеми инвестиции во алтернативна енергија – на пример, соларната фарма Култана во Австралија која има потенцијал да неутрализира 492 илјади тони јаглероден диоксид годишно, како и користењето на хидроцентралата Лохабер во Шкотска, која ја снабдува со енергија нашата топилница за алуминиум во близина.

Не можеме да запреме таму. На визија за иднината која предвидува производство на челик со водородно напојување, во минатото се гледало како на нешто неостварливо, како во техничка, така и во економска смисла. Но, технологијата отиде напред со големи скокови и сега можеме да си замислиме една среднорочна иднина во која челикот ќе се произведува со употреба на најприсутната хемиска супстанца во универзумот.

Дирекно редуцирано железо, на пример, е процес во кој јаглеродот се користи за топење на железната руда, произведувајќи вода наместо јаглерод како нуспроизвод. Овој процес не го истражува само Либерти Стил Групацијата – ССАБ и Арцелор Митал, на пример, напредно работат на пилот-планови за да ја докажат ефикасноста на оваа технологија .

Со сево ова предвид,  Либерти Стил Групацијата  денес ја искажува својата амбиција да стане јаглерод-неутрална до 2030 година. Ова не значи дека нема да имаме емисии, или дека ќе ги напуштиме традиционалните практики преку ноќ. Ако нешто научив од мојата кариера во челичната индустрија на која и го посветив целиот живот, тоа е дека единствено мешаниот модел може да функционира – да се премине од експлозивни печки кон инвестирање во печки со електричен лак и промовирање нови технологии насекаде во светот.

Меѓутоа, тоа ќе подразбере радикални промени, како и критичко размислување. Нема да биде лесно за металургијата.  Ќе биде потребна целосна промена во начинот на размислување, како и инвестиции. Многу западни нации покажаа подготвеност и волја прелесно да се откажат од она што го сметаат за „валкано“ производство –  со еден индиферентен и лежерен пристап на слегнување  со раменета, што ги остава луѓето и заедниците заедно со отпадот штом се појават првите знаци на цикличен пад.

Насекаде низ Европа, челичната индустрија е жална сенка на она што некогаш била, гладна за нови идеи и инспирација за повторно оживување. Неодамнешниот пад на цената на стоките за широка потрошувачка, болеста која ја погоди автомобилската индустрија и годините поминати во неизвесност околу замунувањето на Британија од ЕУ, само ја влошија сликата за Обединатото Кралство.

Нашата индустрија нуди релативно високи плати за висококвалификуваните работни места и има висок повеќекратен ефект – секое работно место во челичната индустрија поддржува уште шест или седум во пошироката економија. Таа е витална за развојот на регионите и земјите – посебно за местата кои се подалеку од главните градови, а кои во поинаков  случај би се мачеле. А произведувањето критична маса на основен материјал е неопходно за безбедноста и самоодржливоста на која било земја.

И наместо да се затворат и запечатат вратите на челичната индустрија, една поздрава стратегија за индустријата би била се искористи можноста за поддршка на инвестициите за одржливиот челик. И покрај тоа што цената на новата технологија делува застрашувачки, ние мораме да го сториме тоа – во партнерство со Владата, клиентите и добавувачите. Бил Гејтс навистина постави едно валидно прашање, а на нас се чека да го одговориме.

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга