24 Април, 2024
0.0291

МОЌ, ДОМИНАЦИЈА, ЕНЕРГИЈА: Што кажува бојата на кравати на првата средба Заев - Мицотакис

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

За прв пат премиерот Зоран Заев оствари средба со грчкиот колега Киријакис Мицотакис и тоа ниту во Македонија ниту во Грција туку далеку во Њујорк.

Двајцата функционери се ракуваа во присуство на делегациите на двете земји на маргините на Генералното собрание на ОН а од односот кој го демонстрираа се забележува дека биле расположени за разговор. Така барем ги фатија камерите.

И двајцата скоцкани како што им доликува на претседатели на влада во премиерски модерни костуми со бели кошули. 

Сепак она што го зебележаа многумина се боите на кравати кои ги искомбинирале двајцата колеги. Заев одбрал црвена додека Мицотакис се одлучил за виолетова.


Модните експерти велат дека црвената боја на кравата е боја на доминација и моќ, внимание, страст и енергија. Црвената кравата се смета за најмноќна кога станува збор за елегантното облекување.

Од друга страна пак виолетовата е спиритуална и моќна боја. Најдобро се вклопува со темносина или црна комбинација.

Заев е еден од творците на Преспанскиот договор, додека Мицотакис како опозициски лидер беше жесток критичар на тој договор за решавање на спорот околу името на Македонија, но како премиер прифати дека договорот е ратификуван во грчкиот парламент и дека не може да се менува, па најави дека внмателно ќе ја контролира примената во земјава.

Како што соопшти владата во Скопје, Заев на состанокот со грчкиот колега истакнал дека Владата на Македонија е „максимално фокусирана на конструктивен пристап за градење на меѓусебно партнерство, засновано на пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион во интерес на граѓаните на двете земји“.

Заев истакнал дека неговата влада е подготвена за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката на Грција и Македонија, како што е предвидено со Преспанскиот договор.


Заев, во разговорот со Мицотакис, истакнал дека „договорот е историски чекор и значаен договор за градење добрососедство, поблиска соработка, конструктивни и позитивни односи меѓу двете земји“ и кажал дека го почитува тоа што Грција била првата што го ратификувала протоколот за пристапување во НАТО.

Во соопштението на Владата на Скопје се вели дека на состанокот „е изразена поддршката на грчкиот премиер за започнување преговори на Македонија со ЕУ и истакнал дека доследното и навремено спроведување на Договорот од Преспа е клучно за подобрување на односите и обезбедување на европската перспектива на Северна Македонија“.

„Заклучено е дека подобрувањето на економската соработка, зголемувањето на трговијата и директните инвестиции се од заедничка корист за сите граѓани на двете држави“, се вели во соопштението од состанокот на двајцата премиери во Њујорк.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП