28 Март, 2024
0.0248

МОЌТА НА РАМНОСТРАНИОТ ТРИАГОЛНИК

Објавено во: Колумни 10 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

По формирањето на Влада на Република Македонија опозицијата постојано ја критикуваше новата Влада за безидејност и  неспособност за водење на државата и дека наместо предизборно ветениот живот во Македонија државата оди кон амбис. Власта пак се брани дека сите предизборни ветувања полека се остваруваат преку реализација на планот 3-6-9 и дека претходната власт е таа која државата ја довела пред амбисот, а раелизацијата на планот 3-6-9 ја води државата кон толку посакуваните НАТО и ЕУ.

Резултатите од локалните избори беа повод за еуфорија кај победниците и потврда или ветер во грб дека одат во добра насока. Коалицијата или партиите во коалицијата која ги изгуби изборите наместо длабински внатрепартиски анализи за катастрофалните резултати времето и енергијата ги троши на критики на секој потег на власта. Во државите  каде демократијата е стил на живеење после завршените избори избраната власт се остава да ја води државата, опозицијата си прави програми и се подготвува што побрзо да се врати на власт, а дотогаш соработува со власта во остварување на националните интереси.

Слушајќи ги фалбите на едните и сепогласните критики од другите се присетив на  рамностарниот триаголник како најстабилна дводимензионална геометриска фигура. Во основно училиште се воодушевував колку е едноставна оваа фигура со еднакви страни, агли и висини кај која ако се деформира страната се менуваат и аглите со што повеќе не е рамностран. Подоцна научив дека правилата на еднакоста на страните и зависноста на  менување на аглите и висините со деформација на еднаквоста на страните имаат волшебна моќ во одржување на глобалната безбедност и стабилноста на владеење на демократски избраната власт во секоја држава.

Секој што е избран од граѓаните и во нивно име ја практицира власта на државно или локално рамниште треба себе да се постави на едно од темињата на триаголникот, второто теме треба да е резервирано за граѓаните, а во третото теме се сретнуваат полињата на заедничкиот интерес како што се законитоста, правдата, парите и слично. Соцелнастабилновладеењеизбранатавласттребадагидржинаеднакворастојаниеиподистиусловидабидатдостапнииприменливи и за нив и за граѓаните.

Се додека парите се трошат за задоволување на потребите на граѓаните системот ќе биде стабилен. Доколку има повеќе пари во државната каса логично е и власта и граѓаните да бидат поблиску до парите, но на иста оддалеченост. Ако има малку пари во државата тогаш за да остане еднаков пристапот до нив со намалена потрошувачка подеднакво се оддалечува од нив и власта и народот. Така се одржува стабилниот рамностран триаголник односно така функционира стабилата власт во една држава. Секое доближување на власта кон парите води кон злоупотреба на истите и е вовед во клептократија наместо демократија. Незаконското и брзо богатењето на власта води кон осиромашување на граѓаните. Колку повеќе власта троши за себе и е поблиску до парите толку се зголемува и вероватноста дека граѓаните нема да гласат за нив на наредните избори.

Секако дека не е добро деструкцијата на страната да ја направат и граѓаните односно граѓаните да бидат поблиску до парите, а власта да се оддалечи. Со ваквата деструкција на рамностраниот триаголник всушност власта ќе овозможи задоволување на личните потреби на граѓаните, а ќе изостанат капиталните инвестиции.

Што се однесува до законите и практицирањето на правдата, секое доближување на власта кон правдата и практицирање на привелегирана правда за власта води кон блокирање на институциите, партизација на државата што ќе предизвика незадоволство кај граѓаните и таквата власт сигурно нема да има нова шанса на следните избори. Доколку пак власта овозможи граѓаните да бидат пред законот и преку институциите да влијаат законски пропишаната правда да не се примени тогаш тоа е вовед во непочитување на законите и целосна анархија.

Вие што заминавте од власта наместо постојани критики размислете дали власта ја практициравте со примена на моќта на рамностарниот триаголник, односно дали правдата беше еднаква за сите, дали имавте ист однос кон сите граѓани или имавте привелигирани и дали случајно небевте преблиску до парите.

Вие пак што  триумфиравте на изборите запомнете дека на власт ќе останете додека го држите системот на рамностарниот триаголник стабилен. Секоја деформација на страните  предизвикува промемена на аглите. Пардон, сакав да ви кажам промена на гласовите.

Велин Стојановски

полковник во пензија

м-р  по национална безбедносна стратегија


Можеби ќе ве интересира

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?