МОЌТА НА СЕМЕЈСТВОТО ПУТИН: Неколку запрепастувачки факти за Путин
Објавено во: Свет 08 Мај, 2018
Моќниот Владимир Путин претставува симбол за строгост, острина, тајност. Тој е единствениот функционер кој успеал толку силно да го држи своето семејство и својата приватност во тајност што многумина му се восхитуваат, но и чудат како во тоа успеал.
Путин воопшто не сака прашања за неговото семејство и според него треба да постојат граници.
Режисер на документарен филм за Путин мина стотици часови со Путин, но никогаш не го сретна неговото семејство.
Тој прави сè за приватноста на неговото семејство да биде сочувана.
Тајноста ја однесе на едно ново ниво, а дури и нешто објавено за неговото семејство од социјалните мрежи и медиумите магично исчезнува. Медиумите во ниту еден миг немаат фатено добар кадар од неговото семејство.
Во 2010 и 2011 година Германецот Hubert Seipel имаше пристап до Путин повеќе од кој било руски медиум кога било, но и по две години работа на документарецот кој доби низа награди, тој во Москва не сретна ниту еден член од неговото семејство.
Гимнастичарката Алина ја поврзуваа со Путин во 2008 година додека тој сè уште беше во брак со својата сопруга Људмила. Со години кружат гласини за нив, па и дури дека Путин има дете со Алина. Исто така се претпоставува дека таа се породила тајно на швајцарските Алпи далеку од сите.
Се претпоставува дека неговите ќерки се родени во 1985 и 1986 година, а веќе имаат и свои семејства. Некои тврдат дека сопругот на едната повторно е од блискиот круг на Путин.
Помладата најверојатно се вика Катерина, а постарата Марија, но околу тоа има дебати и не е сигурно колку се точни овие информации.
Постарата ќерка, која најверојатно се вика Марија, имала група на пријатели кои не му се допаѓале на Путин. Некои од нив биле хомосексуалци, а Путин има строг став против правата на хомосексуалците во Русија.
Таа наводно се омажила за Холанѓанец и некое време живееле во Холандија. Но, откако почнале да пристигнуваат медиумите во малиот град каде била сместена, се преселила.
Катерина е млада девојка која студирала на престижна германска школа во Москва. Обезбедувањето ја следело секаде, дури и на забавите.
И додека Марија успевала да го сокрие својот идентитет, Катерина штом излегла од домот била на радарот. Мажена е за син на семеен пријател на Путин, а не за некој странец како сестра ѝ.
Наводно со помош на татко ѝ добила одлична работна позиција на престижниот Универзитет во Москва. Но, гласноговорникот на Путин негираше и дури кажа дека Путин не знае која е Катерина.