Молк од здравство: АСМЛ обвинува за привилигирано вработување во болницата во Тетово
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2019
Објавувајќи ги ранг листите со објавени бодови и примени кандидати, на социјалните мрежи од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) обвинуваат за вработување според привилегии.
Младите лекари од тетовската болница ги обвинуваат надлежните дека молчешку вработуваат кадри кои не се соодветни, а тоа го поткрепуваат објавувајќи листи на Фејсбук.
„Нас не интересира вистината и правдата!
Еве ранг листа на сите кандидати, еве и одлука кои се примени, сами проценете!'-пишуваат од АСМЛ на Фејсбук.
Засега ресорното министерство по овие обвинувања не даде никаков коментар.