Молња предизвика пожар во Хвар
Објавено во: Балкан 24 Август, 2019
Околу 40 пожарникари и двајца канадери го гаснат пожарот што избувна во општина Сучурај, Хвар. Пожарот не бил закана за околните домови.
„Овој пожар беше предизвикан од удар на гром, но со интервенција на пожарникарите и со помош на канадерите, успеавме да го запреме неговото ширење и верувам дека ќе го ставиме под контрола во наредните неколку часа “, рече началникот на Стариот град за противпожарна заштита, Антонија Иванковиќ.
Тој додаде дека пожарот зафатил недостапен терен, што го отежнува неговото гаснење.
Хрватското Министерство за одбрана соопшти дека од почетокот на годинашната пожарна сезона, од 17 јуни до 23 август, воздушните сили биле ангажирани во гаснење 31 пожар, додека 182 припадници на хрватската армија учествувале во пожарите во Јужна Дубрава во близина на Шибеник два дена