25 Април, 2024
0.0305

Момче и девојка од Косово планирале напад во име на ИД во Италија, а потоа требало да заминат во Африка

Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Двајца Косовци се уапсени во Италија, затоа што планирале терористички напад во Тренто, пренесе Топ чанел, повикувајќи се на италијанската новинска агенција АНСА.

На 15 јуни, италијанската специјална единица на карабинери (РОС) која истражува тероризам и организиран криминал, со поддршка на регионалната команда на Тренто, издала наредба за ограничување против двајца млади, момче и девојка, со албанско потекло.  Планирале да извршат напад со експлозивна направа во Трентино во име на терористичката организација Исламска држава (ИД), наведува Топ чанел. Тие биле обучени да вршат насилни дејствија. 

Приведените се на возраст од дваесет години и се под истрага под обвинение за „заговор за тероризам, уривање на демократскиот поредок, регистрација и обука за терористички цели, вклучително и меѓународни“.

Италијанскиот суд на момчето му изрекол мерка домашен притвор, со обврска да ја носи електронската нараквица, со која се следи локацијата, а девојката ќе се брани од слобода.

Истражните дејствија покажаа дека двете лица, родени во Италија, во семејства со косовско потекло, долго време интегрирани во социјалниот, работен и студиски контекст, тргнале на пат на радикализација овозможена од џихадистичката пропаганда на интернет. По нападот, двајцата требало да отпатуваат во Африка за да се приклучат на терористичката организација. 

Извршени се повеќе контроли со кои е овозможено запленување на компјутерска опрема и хемиски производи кои би се користеле за производство на експлозивни направи.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“