24 Април, 2024
0.0277

Момче и родители загинаа кај вулканот Солфатара во близина на Неапол

Објавено во: Свет 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Тричлено италијанско семејство загина кај вулкан близу Неапол. 

Момче и родители загинаа денеска, кога под нив се сруши тлото на просторот на кратерот на вулканот Солфатара во близина на Неапол.

Жртвите се туристи од северна Италија, 45-годишен маж, 42-годишна жена и 11-годишен син. Помладиот син, седум години, не паднал во дупката и е неповреден. Тој преживеал затоа што отишло во потрага по помош.

Се верува дека момчето се онесвестило поради гасовите. Родителите се обиделе да го спасат, но кратерот се срушил, објави Гардијан.


Италијанските пожарникари изјавија дека извадиле три тела од плитката дупка во делот од кратерот на вулканот Солфатара што е ограден за туристите. 

„Или имало мала експлозија или земјата едноставно пропаднала под нивната тежина и паднале во дупката“- изјави портпаролот на италијанската противпожарна служба, Лука Кари. 

Кажа дека несреќата се случила во оградениот простор.

Причината за смртта ќе биде официјално утврдена по обдукцијата, а пожарникарите кои беа на местото на настанот, велат дека жртвите најверојатно настрадале од жешките гасови што излегуваат од земјата во пределот на кратерот.

Солфатара е еден од многуте вулкански кратери во областа на Кампи Флегреи 20 километри западно од Неапол, кој за туристи е отворен уште од 1900 година. Од земјата во оваа област се ослободуваат водни пареи од 160 степени Целзиусови.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството