Момче од Пирок со пиштол го рани другарот
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2021
Момче од тетовското село Пирок со пиштол го рани другарот, кој заврши во болница.
Од Клинички центар Тетово вчера попладне е пријавено во полиција дека на Хирушкото одделение е донесен 17-годишник.Тој имал огнено оружје во пределот на градите.
„По преземени мерки било утврдено дека во домот на Ј.М. во с.Пирок, кој бил во Швајцарија, неговиот син и повредениот малолетник го пронашле пиштолот и додека синот на Ј.М. го држел пиштолот испукал еден куршум“, информираа од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.