Момче од Улцињ почина од корона на денот на свадбата
Објавено во: Балкан 17 Септември, 2021
26-годишно момче од црногорскиот град Улцињ, денеска почина токму на денот кога требаше да се ожени, дознава порталот Новости.
Многу пациенти се на возраст меѓу 19 и 39 години. Апелот е младите да се вакцинираат и да се придржуваат кон мерките.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот во Црна Гора од почетокот на пандемијата до денеска е 1822 луѓе.